Американските пилоти наскоро ќе можат да управуваат со повеќе авиони

Американските пилоти наскоро ќе можат да управуваат со повеќе авиони одеднаш, по неодамнешните тестирања во база на морнаричкото воздухопловство во близина на Вашингтон, соопшти Боинг.

„Боинг и морнарицата успешно далечински управуваа со два авиони гроулерс ЕА-18Г како да се дронови користејќи трет граулер како контролен центар за првите два“, соопшти произведувачот на авиони.

„Првите два авиони беа приспособени да се однесуваат како беспилотни летала, а третиот ги контролираше во летот“, изјави портпаролот на Боинг Џастин Гибсон.

Тој додаде дека демонстрацијата била извршена на крајот на 2019 во морнаричката база Петаксент ривер во Мериленд при годишните вежби на единицата за истражувања и развој на американската морнарица.

Ф-18 супер хорнет е ловец на американската морнарица кој може да биде вооружен со ракети воздух-воздух и воздух-земја, а граулер е верзија на тој авион специјализирана за електронско војување.

Управувајќи со неколку беспилотни летала од кокпитот на авионот, американските пилоти ќе можат да г прошират капацитетите на откривање и да го држат својот авион надвор од опасната зона, објасни Боинг.

„Тоа ќе овозможи еден екипаж да контролира неколку авиони без многу дополнителни задачи“, се заклучува во соопштението.

Текстот Американските пилоти наскоро ќе можат да управуваат со повеќе авиони е превземен од USB.mk.