Велосипедистите веќе користат голем број додатоци за да бидат забележани навреме од другите учесници во сообраќајот, па на облеката и велосипедите додаваат светла и други помагала. Компанијата Apple одлучи да им понуди уште едно решение со помош на кое отсега ќе можат да користат сигнализација за вртење, исто како возачите на автомобили.
Имено, се работи за Lumos Matrix шлемови, чиј дизајн пред се е во функција на решавање на основните проблеми, бидејќи се лесни и имаат доволно начини на другите возачи, навреме да им ја дадат до знаеме намерата за движењето на оние кои ги носат.
Покрај осветлениот преден дел, шлемовите имаат и LED светлечки панел на задниот дел, со помош на кој можат да сигнализираат сопирање и вртење. Панелот се активира преку тачпад, кој може да се инсталира на воланот на велосипедот, или преку Apple Watch апликација, која автоматски го детектира движењето на рацете и го пренесува сигналот до светлечкиот панел.
Обичните шлемови се користат веќе долго време, а во последните 20 до 30 години останаа исти, па крајно време е да добијат додатоци, што ќе им направат уште поефикасна заштита. Lumos Matrix претставуваат решенија од новата генерација, кои одговараат на современите услови на возење, и можат да се набават по цена од 250 долари.
Текстот Apple најави паметни велосипедски шлемови со LED светла за сигнализација (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.