Apple со патент за Face ID технологија за автомобили

Технолошката компанија Apple развива технологија што овозможува автомобилот да се отклучи, штом го препознае ликот на својот сопственик, пишува Futurism.

Патентот за оваа биометричка технологија на Apple е јавно објавен, а покажува дека компанијата ги има правата на систем за препознавање лица што му овозможува на автомобилот да го препознае својот корисник кога ќе му се доближи.

Слична ваква технологија Apple претстави на своите телефони, но за брзо време таканаречениот Face ID предизвика злоупотреба на безбедноста, што може да биде пропуст и за овој вид технологија.

Текстот Apple со патент за Face ID технологија за автомобили е превземен од USB.mk.