Поголем дел од луѓето никогаш нема да имаат прилика во живо да гледаат лансирање на ракета, но благодарение на живите преноси и фотографиите, сепак, можеме да видиме како тоа изгледа. Астронаутот Александер Герст отиде чекор понатаму и успеа да забележи фотографии во вселената.
Европскиот астронаут Герс успеа да го фотографира лансирањето на ракетата Soyuz, со помош на која три члена на екипажот отпатуваа на Меѓународната вселенска станица (ISS), каде што моментно се наоѓа.
“И честитам на руската вселенска агенција Roscosmos и на сите меѓународни партнери на беспрекорното лансирање на #SoyuzMS11. Добредојдовте во вселената @Astro_DavidS, @AstroAnnimal i Oleg”, напиша Герст во твитот заедно со објавените фотографии.
Да потсетиме, ова беше прва успешна мисија со екипаж по неуспешното лансирање на Soyuz во октомври. Тоа воедно беа и првите проблеми за ракетата Soyuz во последните неколку децении.
Новите членови на екипажот се астронаутката на NASA, Anne McClain, канадскиот астронаут David Saint-Jacques и рускиот Oleg Kononenkoof. Тие на ISS ќе останат околу 6,5 месеци, ќе изведуваат експерименти и ќе учат како да живеат во вселената.
Текстот Астронаут на ISS го фотографираше лансирањето на ракетата Soyuz (ФОТО) е превземен од USB.mk.