Меѓународен тим научници најави за денеска претставување на неверојатно научно откритие – првата фотографија од црна дупка, подвиг кој ќе ја тестира општата теорија за релативност на Алберт Ајнштајн.
Прес-конференции ќе бидат одржани во Вашингтон, Брисел, Сантијаго, Шангај, Тајпеј и Токио, на кои ќе бидат објавени историски резултати од проектот „Event Horizon Telescope“ (EHT). Проектот е започнат во 2012 година со цел директно да се набљудува околината на црна дупка со помош на глобална мрежа на телескопи.
Црните дупки се скоро невидливи поради негативното влијание на светлината, па научниците се фокусираат на нејзиното опкружување, поточно на светлината и материјата во нејзината најблиска орбита. Хоризонтот на настани е сферата која ја опкружува црната дупка од која не може да излезе ниту светлина, ниту материја.
Текстот Астрономи денеска ќе ја објават првата фотографија од црна дупка е превземен од USB.mk.