Астрономи открија осум нови брзи радио-импулси во вселената

Канадски астрономи кои ги проучуваат брзите радио-импулси (FRB) детектирале осум нови повторувачки од кои еден доаѓа од блиска галаксија, додека останатите седум се од вселенските длабочини.

Осумте повторувачки импулси биле детектирани преку канадскиот радио-телескоп CHIME со што бројката на такви познати импулси скокна на десет откако претходно беа откриени само два.

Овие сложени вонземски сигнали веќе една деценија го привлекуваат вниманието на астрономите кои сѐ уште не знаат што ги продуцира и од каде точно доаѓаат.

До сега се откриени многу слични сигнали, но само малку од нив биле повторувачки. Обично, брзите радио-импулси се откриваат еднаш и потоа исчезнуваат засекогаш.

Брзите радио-импулси често траат само неколку милисекунди, но затоа пак имаат моќност на 500 милиони сонца. Токму затоа се феномен кој продолжива да ги интригира астрономите ширум светот.

За сите осум нови сигнали научниците успеале отприлика да го лоцираат изворот.

 

Текстот Астрономи открија осум нови брзи радио-импулси во вселената е превземен од USB.mk.