Астрономите побараа од јавноста да им помогне во именувањето на помала планета во нашиот Сончев систем, која беше откриена во 2007. година.
Џуџестата планета, која кружи околу Сонцето, се наоѓа зад Нептун, а оттогаш се споменува како (225088) 2007 OR10.
Научниците сега пробуваат да и дадат име кое ќе биде впечатливо, а за тоа бараат помош од јавноста. Понудените имиња се Гонггонг, Холе и Вили. Името кое ќе победи, официјално ќе и биде предложено на Меѓународната астрономска унија.
Гонггонг е кинески бог на водата со црвена коса и опашка налик на змија. Познат е по тоа што создава хаос, предизвикува поплави и ја навалува Земјата.
Холе е европска зимска божица на плодност, препород и жените, додека Вили е нордиско божество, кое го победило џиновскиот Јмир и го користело телото за создавање на вселената.
Научниците избраа божества кои имаат врска со црвената боја и дури 12 години чекаа на именување на планетата за да и дадат што подобро име.
Текстот Астрономите побараа помош во именување на планета откриена во 2007. година е превземен од USB.mk.