Иако Audi се наоѓа во средина на процесот за развој на 12 електрични возила од BEV сегментот планирани за презентација до 2025 година, компанијата инвестира значителни суми и во развој на технологијата со водородни горивни ќелии.
Брам Шот, извршниот директор на Audi за британскиот Autocar вели дека сака да се забрза развојот на FCEV технологијата, со оглед на тоа дека во компанијата постои страв во однос на стабилноста на испораката на клучни компоненти за возилата од BEV сегментот, а се со цел компанијата да остане посветена на производството на возила со нулта емисија.
„Ако тоа е иреверзибилен тренд, тогаш треба да се најде најефикасниот и најефективниот начин да се продолжи со електрификација“, вели Скот. „А тогаш неизбежно доаѓате до технологијата на водородни горивни ќелии“.
Брам Шот вели дека „ќе вложи максимални напори за доделување на повисоко ниво на приоритет за FCEV технологијата, што подразбира поголеми финансиски инвестиции, како и вложување на сите други неопходни ресурси“.
Првиот доказ за посветеноста на Audi кон оваа технологија доаѓа до крајот на годината во форма на концепт автомобил. Потоа ќе следи FCEV возило во ограничена серија. Околу 2021 година, автомобилот ќе добие и батериски пакет со умерена големина, која ќе биде доволна за автономија од 150 километри. Ова Audi возило ќе се однесува како класичен plug-in хибрид, само што наместо бензин или нафта, еден од изворите на енергија покрај електричната енергија ќе биде и компримиран водород.
Како што веќе најавија и од Toyota и Honda, FCEV моделот на Audi ќе биде можно да се изнајми, но не и да се купи. Производството на моделот би требало да биде во фабриката во Некарсулм во Германија, каде што од производствените ленти се симнуваат A6, A7 и A8. Голема поддршка во развојот на FCEV технологија за Audi треба да биде и Hyundai, компанија со којаво 2018 година Баварците веќе потпишаа договор за соработка во оваа област.
Извор: Додај Гас
Текстот Audi го забрзува развојот на технологијата со водородни горивни ќелии е превземен од USB.mk.