Технолошките и автомобилските компании мора да соработуваат едни со други и со регулаторни тела и да споделуваат податоци за да ја зголемат безбедноста на автономната технологија.
По две сообраќајни несреќи со фатални последици во текот на годината предизвикани од автономни автомобили, односно, софтверот кој во моментот на несреќата управувал со возилата, довербата на јавноста и корисниците на оваа технологија, како и дел од луѓето, секако дека е разнишана. Овие трагедии не ја прекинаа автономната револуција, но тие секако се предупредување дека денешната технологија продолжува да има големи недостатоци, а и најмала грешка може да предизвика губење на човечки животи.
Треба да се направи се вакви и слични ситуации во иднина да се спречат – особено затоа што со текот на годините на патиштата низ целиот свет ќе има се повеќе автомобили без возач. Американската стартап компанија Zoox има решение за зголемување на безбедноста на автономната технологија.
Тие сметаат дека технолошките и автомобилските компании треба да се угледаат на воздухопловната индустрија, во која, барем кога станува збор за безбедноста, конкурентските компании соработуваат, како што соработува и со органите надлежни за безбедноста на воздухопловството… Boeing, Airbus и други компании споделуваат анонимни податоци за летовите за да спречат проблеми и несреќи, а во фокусот се ризици како што се турбуленции, проблеми со моторите, пролизгување на авионите на писта и слично. Исто така, постои интензивен процес на сертификација на нови технологии на чие тестирање американската воздухопловна организација FAA соработува со авионските компании, а целиот процес може да потрае и до 8 години.
Од Zoox велат дека пред автономните возила се потешки технички предизвици во однос на авионите поради тоа што автопилотот во авионот нема потреба од вршење на опасни маневри како што е на пример „избегнување на дете кое истрчало на патот“.
Текстот Авионската индустрија како пример: Еве како да се зголеми безбедноста на автономната технологија е превземен од USB.mk.