Откако постојат, автомобилите не можат директно да комуницираат со пешаците и минувачите, ако се исклучи можноста за свиркање во моментот кога на возачот ќе му се испречи нешто на патот.
Но, тоа можеби ќе се промени во иднина, ако може да му се верува на иноваторот на Тесла, Елон Маск и неговиот најнов твит.
„Ако посакате, автомобилите на Tesla наскоро ќе можат да комуницираат со луѓе“, објави милијардерот на Twitter, објавувајќи видео снимка од Model 3, кој по пат на надворешни звучници им се „обраќа“ на минувачите.
„Па немојте само да стојте и да зјапате. Влезете!“, „вели“ автомобилот, најавувајќи дека автомобилите на оваа компанија во иднина ќе можат да се користат како самостојни такси возила.
Teslas will soon talk to people if you want. This is real. pic.twitter.com/8AJdERX5qa
— Elon Musk (@elonmusk) January 12, 2020
Компанијата е позната по надградба на софтверот кој овозможува дополнителна функционалност на автомобилите. Сепак, сè уште не се знае кои модели се веќе опремени со надворешни звучници за потребите на ваквата реализација.
Одговарајќи на прашање поставено на Twitter, Маск предлага комбинирање на ваквите можности со веќе постојниот аларм со чија помош паметниот телефон го известува сопственикот за потенцијална провала во возилото.
Текстот Автомобилите на Tesla наскоро ќе можат да „разговараат“ со пешаците (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.