Како што известува ORF, автономен минибус, кој возел со брзина од 12 km/h, удрил во 30-годишна жена пешак, при што го повредила коленото.
Австриските власти веднаш ја прекинале услугата превоз со автономни минибуси и започнале истрага за целиот настан.
Во моментот не е познато што точно се случило, а јавноста секако е изненадена бидејќи проектот на жителите на Виена е презентиран како исклчучително безбеден. Впрочем, и двете возила имале специјално обучено лице кое го надгледувало однесувањето на автономниот систем во сообраќајот, со што се обезбедува дополнителен осигурувач за безбедноста на патниците. Очигледно ова не било доволно за да се избегне несреќата.
Автономниот минибус користи систем од сензори, камери и GPS позиционирање, а може да превезува до 15 патници.
Извор: Додај Гас
Текстот Автономен минибус во Виена удри во пешак (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.