Нова студија спроведена од хакери во McAfee Advanced Threat Research открива вознемирувачки работи.
Една од најголемите грижи кога станува збор за модерните автомобили е нивната безбедност односно дали може да бидат системски пробиени од надвор. За разлика од возилата од пред нешто повеќе од една деценија, најновите автомобили и камиони брзо стануваат компјутери со четири тркала, а Tesla е еден од најубавите примери за тоа.
Хакерите од софтверската куќа McAfee успеале да ја измамат првата генерација на автопилотот на Tesla за да забрза 136 km/h. Ова го направиле ова со тоа што го измамиле системот на камери Mobile EyeQ3 правејќи нешто едноставно.
Тие го модифицирале знакот за ограничување на брзината со помош на леплива лента. Камерата го регистрирала знакот како 85 милји на час (136 km/h), наместо 35 (56 km/h). Специјалните возила кои ги тестирале, Tesla Model S од 2016 и Tesla Model X од 2016 година, веднаш ја зголемиле брзината.
Погледнете го видеото во прилог.
Текстот Автопилотот на Tesla сепак може да биде измамен (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.