Црните дупки се места во кој просторот и времето се бесконечно закривени и каде што гравитацијата е толку силна што дури ни светлината не би можела да и побегне. Ниту една теорија не може да го објасни и опише моментот кога некоја материја ќе биде фатена во црната дупка.
„Ако некаде во космосот не постои излез, тоа е во средината на црната дупка. Или барем така мислевме до сега“, се наведува во сајтот Mother Nature Network, повикувајќи се на пишувањата на магазинот „Њу Сајенс“.
Во таа смисла, белите дупки во основа претставуваат спротивност на црните дупки, се посочува во текстот. Додека црната дупка има хоризонт на настани, кој, ако се премине, претставува точка од која нема враќање назад, белата дупка има хоризонт кој е спротивно на тоа. Таа одбележува точка на која не може да и се приближиме.
Хоризонтот на белата дупка е толку одбивен, што дури ни светлината не може да влезе во неа“, се наведува во текстот. Црните и белите дупки се инверзија една на друга во времето. Белата дупка во основа е иднината на црната дупка, а црната дупка е минато на белата дупка. Двете се вистински спротивности една на друга во секоја смисла.
Сепак, како што пишува сајтот, постои мал проблем со теориите за белата дупка. Никој никогаш не видел ниту една од нив. Тоа претставува малку чудно, имајќи го во предвид фактот дека ваквата дупка треба да претставува еден од најсветлите објекти во универзумот, поради енергијата која се исфрла од неа.
„Теоретската можност на белите дупки всушност ја предвидел Ајнштајн во една од своите теории за релативитет“, се наведува во текстот.
Доколку белите дупки постојат, тоа би им помогнало на голем број на научници да ги објаснат мистериите кои и понатаму постојат во врска со црните дупки. Белите дупки, би можеле да ги просветлат научниците кога станува збор за најголемата мистерија на сите времиња, потеклото на космосот.
Тие би дале алтернативен модел за „Теоријата за Големата експлозија“, сугерирајќи дека универзимот би можел да настане од претходните фази на нарушување на обратниот универзум. Ние би се наоѓале на крајот на белата дупка, на некогаш масивна црна дупка“, пренесува Mother Nature Network.
Додека не се открие барем една од ваквите бели дупки, најверојатно е дека тие ќе останат само теоретски куриозитет. Mother Nature Network напоменува дека постојат некои кандидати за вавки бели дупки, а како пример наведува дека научниците неодамна откриле мистериозни брзи радио импулси кои потекнуваат од длабочините на вселената, а кои досега не можеле да бидат објаснети од никого.
„Можно е тие моќни импулсни зраци потекнуваат од белите дупки. Тоа е само претпоставка во овој момент, но и потенцијална трага. Единствен начин навистина да откриеме е да продолжиме да набљудуваме“, заклучува порталот Mother Nature Network.
Текстот Белите дупки би можеле да откријат како настанал универзумот е превземен од USB.mk.