Технологијата не ги забележува луѓето со темна кожа.
Според многу експерти во автомобилската индустрија, беспилотните возила се иднината на човештвото. И додека технологијата на автономно управување сеуште се премногу „сурови“ и во процес на развој, тие стануваат посовршени со секој изминат ден.
Но, досега никој не можеше ни да замисли дека некои од веќе употребуваните системи страдаат од вистински „расизам“. Истражувачите на Американскиот институт за технологија во Џорџија идентификувале токму ваков недостаток.
При тестирање на автопилоти од различни модели било откриено дека некои системи работат многу полошо, ако на патот се пресретнат со пешаци со потемен тен на кожата. За време на анализа на видеа снимени на улиците на Њујорк, станало јасно дека системите реагираат на различен начин на пешаците од различни раси, а најлошо на оние со темен тен на кожата, особено ако тие се облечени во темни алишта и го пресекуваат патот во услови на намалена светлина. Ова особено важи за автопилотот во моделите на Tesla.
Во меѓувреме, ако сензорите на беспилотното возило не можат да разберат дека објектот е пешак, веројатноста од судир меѓу автомобилот и човекот се зголемува значително. Причината е тоа што автомобилскиот компјутер и автопилотот не можат да го предвидат понатамошното однесување на таквата „пречка“.
Истражувачите, сепак, истакнуваат дека не сите автопилот системи страдаат од овој вид „расизам“. Ако автономното возило за ориентација во просторот не ги користи само податоците од камерите, туку и од други различни системи за позиционирање, луѓето нема од што да се плашат.
Една од најдобрите технологии за заштита на пешаците се лидарите чија работа е базирана на ефектот на Доплер. Автопилот, кој добива информации од таков уред, не го интересира бојата на кожата и облеката на пешаците, ниту пак интензитетот на дневна светлина. Овој систем собира податоци со анализа на брзината и насоката на подвижниот објект.
Извор: Додај Гас
Текстот Беспилотните автомобили „расисти“?! е превземен од USB.mk.