Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, за MIT Technology Review неодамна издвои десет технологии кои би можеле да го променат светот во 2019 година.
Станува збор за технологии кои се од големо значење за светот, но кои не се толку добро познати за пошироката јавност.
Според Бил Гејтс, ова се десетте технологии кои би требало да ни го подобрат животот во 2019 година:
– Подобрување на вештините на роботите кои ќе можат самите да управуваат со за нив досега непознати предмети;
– „Новиот бран“ на нуклеарна енергија – обновен дизајн на реактори за фузија и фисија коj ќе овозможи намалување на емисиите на јаглерод диоксид;
– Тестови на крв кои предупредуваат за предвремено раѓање на бебиња;
– Пилула или уред кој ќе може да се проголта и на тој начин да изврши биопсија и испитување на дигестивниот тракт;
– Вакцини против рак кои ќе му помогнат на имунолошкиот систем да се бори против клетките на тумор;
– Месо од лаборатории како замена за месо произведено на стандарден начин, со што ќе се намалат штетните емисии на прехранбената индустрија;
– Техника за апсорпција на јаглеродниот диоксид од воздухот и неговo „заклучување“;
– ЕКГ уреди на зглобовите – способноста на паметните часовници да ги следат отчукувањата на срцето и рано да детектираат потенцијални здравствени проблеми;
– Санитарни услови без канализација – веце шолја која ќе помогне во борбата против ширење на болести во руралните и неразвиени средини;
– Гласовни асистенти базирани на вештачка интелигенција кои сосема природно ќе разговараат со луѓето.
Текстот Бил Гејтс: Десет технологии кои ќе го променат светот во 2019 година е превземен од USB.mk.