Милијардерот и филантроп Бил Гејтс го отвори саемот на нови тоалети во Пекинг (Reinvented Toilet).
Основачот и бивш директор на технолошкиот гигант Microsoft рече дека технологиите кои ќе бидат претставени на тридневната манифестација ги претставуваат најзначајните пробои во санитацијата во период од речиси 200 години.
Повеќе од 20 компании и академски институции ги претставуваат новите технологии во тоалетите, од самостојните тоалети до малите на сопствен погон за обработка на отпадот.
Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, од 2011. година, потроши повеќе од 200 милиони долари за поттикнување на истражување и развој на безбедната технологија на санитација.
Уницеф проценува дека годишно 480.000 деца умираат од дијареа, која често е предизвикана од храна или вода контаминирана од канализација.
Текстот Бил Гејтс го отвори саемот на хај-тек тоалети во Пекинг е превземен од USB.mk.