BMW и Daimler ги здружуваат силите во сегментот на беспилотни возила

Двата производители ќе соработуваат во развојот на автономни возила.

BMW и Daimler потпишаа договор за соработка за заеднички развој на возила со системи за самоуправување. Ова беше објавено од страна на службите за комуникација со медиумите на двата германски премиум производители.

Соработката на ова поле треба да овозможи забрзување на процесот на развој на технологијата и заштеда на пари. Вкупната почетна инвестиција ќе изнесува 1 милијарда евра.

BMW и Daimler ќе се фокусираат на автомобили со системи кои одговараат на автономни возила од четврто ниво. Ова значи дека електрониката ќе може целосно да ги контролира возилата на предвидливи сообраќајни правци – на пример, на автопат. Покрај тоа, овој тип на возила ќе може самостојно да се паркира, но во секој момент возачот ќе може да ја преземе контролата.

Во моментов, BMW веќе работи на развој на беспилотни системи со компаниите Delphi и Mobileye (подружница на Intel), кои се одговорни за подготовка на вештачката интелигенција во возилото. Покрај овие две компании Баварците соработуваат со Nauto.

Од другата страна, Daimler ќе учествува во подготовката на автопилотот од четврто и петто ниво, чиј равој е во соработка со компанијата Bosch.

Извор: Додај Гас

Текстот BMW и Daimler ги здружуваат силите во сегментот на беспилотни возила е превземен од USB.mk.