BMW и МИТ развија 3D принтани седишта на надувување (ВИДЕО)

Во соработка со научници од МИТ, BMW претстави 3D принтан материјал на надувување кој во иднина би можел да се користи во возилата.

Технологијата Liquid printed pneumatics се однесува на структрури изградени со 3D принтање, можат да се надувуваат со што се овозможува морфирање на објектите како седиштата во автомобилите, односно прилагодување на индивидуалните корисници.

Тоа значи дека седиштето автоматски би можело да се обликува според вашиот грб, да ве масира или да зазеде форма која одговара во дадениот момент.

Новиот материјал е изработен од силикон, а за негов развој се користени најновите технолошки иновации.

Текстот BMW и МИТ развија 3D принтани седишта на надувување (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.