BMW ја тестира технологијата за производство на iNext (ВИДЕО)

Кога ќе започне производството на нов модел, толку радикален и различен од она што е правено претходно, производителите треба да бидат сигурни дека сите делови се вклопуваат точно таму каде што треба да бидат. Покрај тоа, кога има толку многу делови како во случајот со BMW iNext, подготовките може да траат со години.

Производството на iNext е предвидено официјално да започне во 2021 година во Динголфинг. Дотогаш Баварците составуваат прототипови во таканаречената „Пилот фабрика“ во Минхен, користејќи ги истите процеси што ќе бидат експлоатирани во случајот со серискиот модел.

Тоа е можност BMW да открие дел од процесот на производство, но и да ни даде увид во прототипите што се наоѓаат на производната линија.

Како тоа изгледа, иако BMW не влегува во детали, можете да погледнете во следното видео.

До моментот на сериско производство, Баварците имаат намера да состават 100 прототипови. iNext се заснова на концептот Vision iNext прикажан минатата година. Ќе се придвижува со електричен систем моментално со непознати спецификации, со најавена автономија од 600 километри.

Извор: Додај Гас

Текстот BMW ја тестира технологијата за производство на iNext (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.