Британскиот производител на авионски мотори Rolls-Royce потврди дека дал согласност регулаторните органи да ги проверат моторите Trent 1000 TEN кои се вградуваат во најновите модели на патнички авиони Boeing. Инспекцијата треба да утврди дали споменатите мотори кои се користат во Boeing 787-10 Dreamliner, ги исполнуваат стандардите за добри перформанси.
Од Rolls-Royce нагласуваат дека инспекцијата е дел од неговата дејност во однос на прашањата кои се појавиле околу најновата верзија на моторите, при што беше утврден проблем со турбинските перки. Од компанијата велат дека на одреден број од овие мотори требало да се менуваат турбинските перки порано од предвиденото.
Овој месец, компанијата Singapore Airlines Ltd која има два авиони на Boeing 787-10 Dreamliner реши да ги остави на земја, откако е утврден проблемот со турбинските перки. Моторите Trent 1000 TEN се користат од ноември 2017 година, а повеќе од 180 се вградени во различни авиони.
Текстот Boeing 787-10 Dreamliner има проблем со моторите? е превземен од USB.mk.