Boeing објави рендер од хиперсоничен авион: Од САД до Јапонија за три часа

Компанијата Boeing објави рендер од својот прв хиперсоничен патнички авион на конференција во Атланта.

Се работи за визија, односно идеја за потенцијален хиперсоничен авион, кој патниците од Лос Анџелес до Токио би ги превезувал за само три часа, а од Њујорк до Лондон за два часа. Иако идејата привлекува внимание и донесува возбудување, концептот од вистинскиот авион веројатно е оддалечен со децении.

Хиперсоничниот патнички авион во теорија би можел да лета со брзина од 5 Маха, односно околу 6000 км/ч. Моментно лет од Њујорк до Лондон трае седум, а од Лос Анџелес до Токио 11 часа.

Директорот на Boeing, Денис Муленбург изјави дека траат истражувањата кои се однесуваат на ултрабрзите патнички авиони.

“Мислам дека за 10 до 20 години ваквите авоиони ќе станат реалност”, истакна Муленбург.

Клучот заа производство на вакви авиони е развојот на лесни материјали за трупот и новите мотори, кои ќе овозможат поголеми брзини. За производство и тестирање ќе бидат потребни години, а постои и прашањето на трошоците.

 

 

 

Текстот Boeing објави рендер од хиперсоничен авион: Од САД до Јапонија за три часа е превземен од USB.mk.