Boeing сака да ги врати луѓето на Месечината најбрзо што може

Компанијата Boeing вели дека со нивното летало ќе се овозможи најбрзо слетување на површината на Месечината.

Меѓу компаниите кои ги развиваат леталата за спуштање на луѓето на Месечината како дел од мисијата Artemis на НАСА е и Boeing.

Компанијата испрати понуда до НАСА со интегриран Human Lander System кој ќе биде дизајниран луѓето да ги спушти на Месечината во најмал број чекор.

Веќе подолго време НАСА собира понуди од приватните компании, а во следната година ќе треба да одбере најмалку две решенија кои ќе добијат зелено светло за развој.

Меѓу нив, големи шанси има Blue Moon кој се развива во партнерство со неколку компании меѓу кои се Lockheed Martin, Northrop Grumman и Draper.

НАСА сака да испрати луѓе на Месечината со капсулата Orion која се наоѓа на врвот на SLS ракетата. Откако капсулата ќе се спои со орбиталната станица Lunar Gateway астронаутите ќе влезат во лендерот кој ќе ги спушти на Месечината.

Boeing вели дека HLS ќе има можност за спојување на Gateway, но ќе може да биде и директно споен на Orion за астронаутите да ги одведе на Месечината без трансфер преку меѓу станици.

Компанијата тврди дека нивниот лендер ќе може да ги приземји луѓето на Месечината и да ги врати од неа во само 5 критични чекори, за разлика од другите пристапи за кои се потребни 11 чекори.

Гарантираат дека лендерот ќе биде изграден навреме за да биде подготвен за првата мисија во 2024 година, кога на Месечината ќе бидат испратени двајца Американци и првата жена, Американка.

Текстот Boeing сака да ги врати луѓето на Месечината најбрзо што може е превземен од USB.mk.