Boeing во 2019: Најмалку порачки во изминатите две децении

Американскиот производител на авиони Boeing објави дека во 2019 година примил најмал број нарачки во изминатите две децении, како резултат на кризата предизвикана од приземјувањето на авионите 737 Max по двете тешки несреќи.

Boeing објави дека минатата година примиле нето нарачки за само 54 авиони, споредено со 893 во 2018 година, јави BBC.

Сепак, тие испорачале 380 авиони, 53 отсто помалку од една година порано, и најмалку од 2007 година.

Тоа значи дека американската компанија ја изгуби титулата најголем светски производител на авиони, престигната од европскиот конкурент Airbus, со рекордни 863 авиони испорачани во 2019 година, или 768 нето, откако ќе се пресметаат откажаните нарачки.

Авионите Boeing 737 Max беа приземјени во март 2019 година по две несреќи во кои загинаа вкупно 346 лица.

 

Текстот Boeing во 2019: Најмалку порачки во изминатите две децении е превземен од USB.mk.