Бомбите што ги користеле сојузниците во текот на Втората светска војна биле толку силни, што го оштетиле горниот дел од атмосферата на Земјата.
Воздушните напади ги претвориле градовите во пепел, а истражувачите дошле до податоци дека ударите биле почувствувани и до илјада километри во воздухот. Крис Скот од Универзитетот во Рединг вели дека бил вчудовиден кога дознал.
“Секој напад ослободувал енергија како најмалку 300 удари на громови”. вели тој.
Сега има надеж дека ќе може подобро да се разбере како природните сили, како молњите, вулканските ерупции и земјотресите, можат да влијаат врз атмосферата.
Како знаеме дека ова се случило?
Истражувачите ги проучувале записите од истражувачки центар во Слау, Велика Британија. Истражувале колку се менувала концентрацијата на електроните во горната атмосфера во текот на 152 воздушни напади на сојузниците во Европа.
Податоците покажуваат дека концентрацијата на електроните значително опаѓала по детонирањето на бомби, што од друга страна ја загревало погорната атмосфера. Тоа предизвикало мали, но значајни промени во јоносферата над Слау, иако бомбите паѓале илјадници километри подалеку.
Сепак, Скот признава дека тоа се привремени ефекти кои благо ја загреале атмосферата. “Ефектите на јоносферата траеле само додека да исчезне топлината”, вели тој.
Според него, ова истражување е многу важно ако сакаме да ја сфатиме јоносферата.
Текстот Бомбите од Втората светска војна се почувствувале и во вселената е превземен од USB.mk.