Истражувачите истренираа програма за вештачка интелигенција (AI) која препознава лица на Фејсбук, истото да го прави и со галаксиите во длабоката вселена, пишува Science Daily.
Резултатот е AI бот наречен ClaRAN, кој ги скенира сликите направени од радиотелескопите, и забележува радио галаксии кои испуштаат моќни радио млазови од супермасивните црни дупки во нивните центри.
ClaRAN е проект на специјалист за податоци, Чен Ву и астрономот Иви Вонг, во соработка со Универзитетот во Западна Австралија на Меѓународниот центар за истражување на радиоастрономијата (ICRAR).
Според Вонг, црните дупки се наоѓаат во центарот на повеќето, ако не и сите, галаксии.
“Овие супермасивни црни дупки повремено испушаат млазови што може да се видат со радиотелескоп“, рече таа.
“Со текот на времето, млазовите можат да се протегаат многу подалеку од нивните галаксии, што пак им отежнува традиционалните компјутерски програми да дознаат каде е галаксијата. Тоа е она што ние се обидуваме да го научиме ClaRAN да го направи“, додала таа.
Самиот ClaRAN исто така е со отворен код и е јавно достапен на GitHub, додава Science Daily.
Текстот Бот со вештачката интелигенција може да препознава галаксии е превземен од USB.mk.