Откако Германија соопшти дека нема подготвено план во случај на прв контакт со вонземјани, еден британски експерт за Express изјави дека нациите правата голема грешка со тоа што не се подготвуваат за оваа евентуална ситуација.
Ник Поуп, кој работел за британската влада во периодот помеѓу 1985 и 2006 година, рекол дека нити Велика Британија нити било која друга земја е навистина подготвена за она што се крие во длабоката вселена.
Поуп во периодот помеѓу 1991 и 1994 испитувал наоди за НЛО, во обид да открие дали тие имаат некако значење во однос на националната безбедност на земјата. Британското министерство за одбрана го прекинало овој проект во 2009 година и Поуп оттогаш постојано изразува загриженост во однос на прашањето.
“Беше интересно, но не и изненадувачки, да се види дека Германија нема никаков официјален план во случај на средба со вонземјани. Велика Британија исто така нема план, и мислам дека тоа е една голема грешка“, рекол Поуп.
Текстот Британски експерт тврди дека човештвото не е подготвено за прв контакт со вонземјани е превземен од USB.mk.