Бродот Polarstern тргна на најголемата експедиција на Арктикот

Најголемата научна експедиција на Арктикот започна со испловувањето на германскиот истражувачки брод Polarstern.

Бродот исплови од пристаништето во норвешкиот град Тромсо во петок, а стотина научници ќе престојуваат за време од една година која ќе ја поминат на Арктикот. Тие ќе го користат овој брод како база за проучување на климатските промени.

Polarstern го следи рускиот брод кој сече лед под име Академик Федеров, кој ќе отплови на Арктикот за да пронајде најдобро место за мисијата.

Овој проект се нарекува MOSAIC и ќе чини околу 130 милиони евра.

Целта на оваа мисија е да ги проучат сите аспекти на климатскиот систем на Арктикот. Станиците со инструменти ќе бидат поставени на ледот околу Polarstern, а некои ќе бидат одалечени дури до 50 км. Ќе се истражуваат примероци од ледот и океанот.

Научниците предупредуваат дека Арктикот се загрева двојно побргу од остатокот од Земјата.

Тимовите ќе бидат изложени на тешки климатски услови, а температурата ќе паѓа до минус 45 степени.

Извор: Klix.ba

Текстот Бродот Polarstern тргна на најголемата експедиција на Арктикот е превземен од USB.mk.