Европскиот институт за нуклеарни истражувања, CERN, денеска одлучи да ја прекине соработката со италијанскиот научник Алесандро Струмио, кој во една пригода изјави дека кога е во прашање физиката, жените се помалку способни од мажите и ги обвини жените физичарки дека добиваат повисоки позиции само во име на рамноправноста со машкиот пол.
„По внатрешната истрага, CERN одлучи на професорот да му го одземе статусот на предавач“, навеле од Институтот во соопштение, чија содржина ја пренесе Би-би-си.
Струмио во едно свое излагање во септември, презентирајќи илустрирани дијаграми, слајдови и табели, рекол дека мажите сè повеќе се изложени на дискриминација во областа на физиката.
Тој утврдил дека зголемувањето на бројот на жените на работните места поврзани со физика не е резултат на нивните квалификации, туку на сè почестите дискусии за родова еднаквост.
„Физиката ја создале и изградиле мажите и во неа не се навлегува на повик“, напишал тој во дел од својата презентација.
Италијанскиот научник од Универзитетот во Пиза предавањето го одржал во рамките на работилница во Женева на тема „Теорија на високата енергија и половите“.
Текстот CERN исклучи научник кој лани рекол дека жените не се вешти во физика е превземен од USB.mk.