CIMON е совршен цимер и помагач, но живее во вселената (ВИДЕО)

CIMON е со големина на кошаркарска топка, а неговата главна задача е да им биде на услуга и да го намали нивото на стрес кај астронаутите.

Станува збор за вселенски асистент кој на прв поглед потсетува на кошаркарска топка со екран, а работи со помош на вештачка интелигенција. CIMON е дизајниран за на астронаутите кои што живеат и работат на Меѓународната вселенска станица да им помага во вршењето на задачи и да им прави друштво.

После две и пол години подготовки, прв имаше шанса да го тестира германскиот астронаут Александер Герст кој што со CIMON „соработуваше“ околу час и половина.

CIMON сам се движеше низ лабораторијата во која што Герст престојуваше, а успешно го пронајде неговото лице и воспостави „контакт со очите“. На екранот успешно прикажа упатства за експеримент на кристализација и видео од Рубикова коцка. Дури и направи фотограифија на Герт како работи.

„Фасциниран сум од интеракцијата со вештачка интелигенциија. CIMON е единствен и дизајниран е посебно за работа на Меѓународната вселенска станица. Влегуваме во неистражено подрачје и ги шириме хоризонтите“, изјави доктор Кристијан Караш, проектен менаџер за CIMON.

Освен што CIMON му помага на астронаутот во вршењето на секојдневните задачи, тој служи и како „вселенски пријател“, некој со кој што астронаутот може да поразговара и за работи кои што немаат врска со работата, а со тоа помага за намалување на стресот. Како изгледаше дружењето со CIMON во вселената, можете да погледнете на видеото подолу.

Извор: Zimo.hr

Текстот CIMON е совршен цимер и помагач, но живее во вселената (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.