Меѓу најранливите се најпопуларните модели – Ford Fiesta, Volkswagen Golf, Nissan Qashqai и Ford Focus.
Автомобили денес се повеќе компјутери на тркала отколку само средства за транспорт. Сепак, премногу модерна технологија лимените миленици може да ги направи и ранливи.
Истражувањето кое го спровела британската група Which? открива дека стотици најпопуларни модели на автомобили се на удар од крадци токму поради технологијата вградена во нив.
Се работи за технологијата отклучување без клуч кога сопственикот не мора да го извлече клучот од неговиот џеб, туку е доволно да приближи до автомобилот или да го допре. Групата Which? тестирала 237 модели на автомобили кои ја имаат оваа способност и откриле дека само три модели се заштитени од таква кражба.
Имено, хакерите можат да го „измамат“ системот со специјални уреди и со тоа да го отворат автомобилот без клуч. Откако автомобилот е отклучен, потребно е само истиот сигнал да се испрати до системот за стартување и да се притисне го копчето за палење.
За целиот процес на кражба се доволни само 18 секунди.
Целиот текст може да го прочитате на порталот Додај Гас
Текстот Дали го отклучувате автомобилот „без клуч“? Можеби не треба (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.