Пред околу 2,6 милиони години, на праисториско небо пристигнало чудно светло кое стоело таму неколку седмици или месеци – односно супернова оддалечена на околу 150 светлосни години од Земјата, пишува Science Daily.
Во рок од неколку стотини години, долго откако чудното светло на небото се распарчило, цунами на космичка енергија, настаното од истата експлозија, најверојатно пристигнало до нашата планета и ја разорило атмосферата, предизвикувајќи климатски промени и масовни изумирање на големите морски животни, вклучувајќи тука и ајкула со големина на школски автобус.
Ефектите на таквата супернова, а веројатно повеќе од една, врз на големите морски животни се детално објаснети во истражување објавено во магазинот “Астробиологија“.
“Ова истражување го правам околу 15 години, и секогаш во минатото тоа се базираше на нашето генерално знаење за Универзумот – дека овие супернови некогаш влијаеле на Земјата“, вели главниот автор Адријан Мелот, професор по физика и астрономија на Универзитетот во Канзас.
“Овој пат, истражувањео е поинакво. Имаме докази за блиски настани во одредено време. Знаеме колку далеку биле тие, па всушност можеме да пресметаме како тоа влијаело на Земјата и да го споредиме со она што веќе знаеме дека се случило во одрено време – и тоа е многу поспецифично“, додава авторот.
Мелот рекол дека неодамнешните документи кои откриваат антички под со количини на изотопи од железо-60, го обезбедиле клучниот доказ за времето и растојанието на суперновите.
“Уште во средината на 1990-тите, луѓето велеа да бараме железо-60, бидејќи тоа е знак дека тоа пристингало на Земјата од супернова. Бидејќи железо-60 е радиоактивно, ако е формирано со Земјата, досега ќе го немаше, па затоа тоа мора да паднало на планетата. Има дебата околу тоа дали има навистина само една супернова во близина или пак цел синџир од нив. Мене ми се допаѓа некава комбинација од двете – голем синџир со една којашто е невообичаено моќна.“ потенцира научникот.
Текстот Дали големите морски животни биле жртви на супернова кон крајот на плеистоценот е превземен од USB.mk.