Дали сепак сме сами во универзумот?

Научниот труд на кој се потпишаа Андерс Сандберг, Ерик Дрекслер и Тод Орд, тројца научници од Институтот за човечка иднина на Универзитетот во Оксфорд, предлагаат нов модел кој предвидува многу мали шанси за пронаоѓање на напредни вонземјани во Млечниот пат.

Се работи за своевидно решение на Ферми парадоксот кој потекнува од Дрејковата равенка која предвидува дека вселената е преполна со напреден живот од една страна и сомнителна слика која ја гледаме во реалноста – вселена без никој друг освен нас, од друга страна.

Истражувачите велат дека за преиспитување на Дрејковата равенка, за која велат дека има премногу несигурни фактори, користеле разни познати параметри употребувајќи модели на хемиски и генетски транзиции важни за креирање на жив свет. Со тоа, добиле драстично поразличен модел.

Според новиот модел, шансите дека сме сами во нашата галаксија стигнуваат и до 99,6%, додека шансите дека сме сами во универзумот кој ни е познат досега се големи и до 85%.

Кога моделот ќе се оптимизира како презентација на реална дистрибуција на веројатност, може да се заклучи дека постои огромна веројатност дека не постои интелигентен живот во универзумот кој можеме да го набљудуваме, па поради тоа не е ни чудно што досега не се детектирани траги за постоење на интелигентен живот.

Ова истражување оди во прилог на теоријата на Големиот филтер, која тврди дека поголеми се шансите една напредна цивилизација да се уништи самата себе отколку да оди да ја истражува вселената.

Сепак, ниту во истражувањето не беше одбиена можност дека е веројатно да постои интелигентен живот некаде во универзумот, но ние засега го немаме откриено.

The post Дали сепак сме сами во универзумот? appeared first on USB.mk.