Деца ќе ја креираат новата порака на Аресибо за воспоставување контакт со вонземјани

Научниците во опсерваторијата Аресибо, гигантскиот радиотелескоп во Порторико, се едни од најпаметните астрономи и физичари во светот. Но, сега, потребна им е помош за нивниот следен голем проект – а за таа цел тие ќе се консултираат со децата, пренесува Vox.

Во 1974 година, научниците го искористија телескопот со ширина од 1.000 метри и испратија внимателно конструиран радио сигнал во вселената – порака од нули и единици, со цел на вонземјаните да им го соопштат нашето постоење.

Тоа беше прва меѓуѕвездената порака на човештвото, наменета да биде примена од вонземјани. Сега, во чест на 45-тата годишнина од пораката, истражувачите во опсерваторијата размислуваат како да ја дизајнираат следната порака.

Но, наместо да ги прашуваат своите колеги експерти, тие започнаа глобален натпревар во кој ги покануваат младите – од оние во градинките, па се до 16-годишниците – да ја креираат новата порака на Аресибо.

Големата награда, пак, ќе биде тоа што децата ќе добијат шанса да ја пренесат сопствената порака во вселената и да станат првите човечки суштества што оствариле комуникација со вонземјаните.

Текстот Деца ќе ја креираат новата порака на Аресибо за воспоставување контакт со вонземјани е превземен од USB.mk.