Во третата фаза на ископувањето во пештерата Колдер, дојде до откритие за кое се смета дека е едно од најретките такви видови на западот на Азија.
Дел од древните черепи кои припаѓале на Хомо сапиенс е пронајден на археолошкото пронаоѓалиште на западот од Иран.
Како што наведуваат археолозите, во третата фаза на археолошките ископувања во пештерата Колдер во градот Корамабад пронајден човечки череп, кој е ставен на листата на најретки пронајдоци во западна Азија.
„Со оглед на големата старост на културните докази откриени во новите палеолитски слоеви во пештерата Колдер, која моментално се смета за најстара на иранскиот палеолитен локалитет, ова е едно од најретките откритија од таков вид на западна Азија“, рече Бехроз Багдир.
Како што изјави тој, ова може да биде алката која недостигаше во синџирот на еволуција на човекот, со оглед на тоа по кој пат одел Хомо сапиенс преку Африка до Азија, потоа во Евроазија и на крајот во Европа.
Извор: Telegraf.rs
Текстот Дел од древниот череп ископан во пештера во Иран е превземен од USB.mk.