Диносаурусот кој некогаш беше „крал на Антарктикот“

Палеонтолозите кои ги проучуваат заледените области на Антарктикот, откриле досега непознат вид на диносаурус, за кој се смета дека е предок на денешните модерните игуани.

Пред 250 милиони години, Антарктикот сѐ уште не бил ледена пустина. Температурата таму ретко паѓала под нулата, а земјата била покриена со вегетација. Приближно во вакви услови живеел еден рептил еволутивно поврзан не само со диносаурусите, туку и со крокодилите.

Новиот вид беше наречен Antarctanax shackletoni. Првиот дел значи „Крал на Антарктикот“, а вториот дел е во чест на поларниот истражувач, Ернест Шеклтон.

Откриениот скелет не е целосен, но овозможува да се извлечат одредени заклучоци за изгледот и животот на рептилот

Текстот Диносаурусот кој некогаш беше „крал на Антарктикот“ е превземен од USB.mk.