Директорот на американската вселенска агенција NASA, Џим Брајденштајн, рече дека американските астронаути никогаш повеќе не се вратија на Месечината, бидејќи од тој момент немаше доволно средства за такви космички програми.
Тоа е се поврзано со “политички ризици”, објасни Брајденштајн, со што резултирало со намалување на финансирањето.
Брајденштајн објасни дека НАСА во 1990 година и почетокот на 2000 година се обидела да се врати на месечината и да слета и на црвената планета, но и двете програми бараат долга подготовка и сериозни трошоци.
Тој, исто така, истакна дека од истата причина, можеби нема да може да се реализира слетувањето на Марс закажано за 2024 година.
Да потсетиме, неодамна администрацијата на Доналд Трамп нареди да се забрза имплементацијата на лунарната програма, така што во текот на следните пет години да се постигна ново слетување на Месечината, наместо во 2028, како што претходно беше планирано, пренесува Спутник.
Модернизираниот концепт на овој проект беше наречен “Артемида”, во чест на грчката божица на Месечината.
Текстот Директорот на NASA откри зошто Американците никогаш повеќе не стапнаa на Месечината е превземен од USB.mk.