До 2100 година ќе ги уништиме океаните!

Истражувачите од Универзитетот во Кардиф дошле до заклучок дека до 2100 година киселоста на океаните може да ги урне сите рекорди во период од цели 14 милиони години. Глобалната катастрофа е на пат да го уништи светскиот океан за помалку од 100 години. Оксидирањето на океаните е процес на намалување на pH вредноста, предизвикана од влегувањето на јаглерод диоксид (CO₂) во водата од атмосферата на планетата. Ацидификацијата, како глобалното затоплување, е поврзана со конкретни акции на човештвото.

Според научниците, ако луѓето не престанат да произведуваат прекумерни количини на CO₂, за 80 години нивото на pH вредноста во водата ќе достигне 7,8 (во споредба со 8,1 сега). Падот на pH вредноста за само 0,1 единица значи зголемување на киселоста за 25%.

Според Јулија Шорт од Универзитетот во Кардиф, од почетокот на индустриската ера (XVIII-XIX век), океанот апсорбирал околу 525 милијарди тони јаглероден диоксид.

 

Текстот До 2100 година ќе ги уништиме океаните! е превземен од USB.mk.