Добриот сон е клучен за доброто здравје, а според неколку истражувања, недоволниот сон го зголемува ризикот од сериозни проблеми, вклучувајќи ги и кардиоваскуларните болести, пишува Science Daily.
Истражувачите при Општата болница во Масачусетс (MGH) откриле еден начин на кој спиењето штити од појавата на артериски плаки наречени атеросклероза. Тие го опишале механизмот преку кој недоволниот сон го зголемува производството на воспалителни бели крвни клетки, познати како главната причина за атеросклерозата.
“Откривме дека спиењето помага да се регулира производството во коскената срцевина на воспалителни клетки и здравјето на крвните садови и, спротивно, нарушувањето на спиењето ја нарушува контролата на воспалителното производство на клетки, што доведува до повеќе воспаленија и повеќе срцеви заболувања“ вели Филип Свирски од MGH Центарот за системска биологија.
“Исто така идентификувавме како хормонот во мозокот кој е познат по контролирањето процесите на будност, ги контролира процесите во коскената срцевина и штити од кардиоваскуларни болести“, додава Свирски.
Текстот Добриот сон го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања е превземен од USB.mk.