Оние кои го години консумираат цигари можат да ги спасат своите бели дробови, но само доколку навреме престанат со овој порок.
Така накратко може да се објасни најновото објавено истражување за “соопштението“ на ракот на белите дробови кај долгогодишен пушач. Научниците тврдат дека белите дробови имаат “волшебна“ способност да санираат дел од штетата која е настаната од пушењето цигари, но шанси имаат само оние кои ќе престанат со тој порок навреме.
Мутациите на станиците кои доведуваат до рак на белите дробови се трајни и настанатата штета е присутна и по престанувањето со пушење. Но, изненадувачкото откритие кое било објавено во списанието „Nature“ докажува дека има станици кои можат да се излечат од оштетувањата кои настануваат поради пушењето, а потоа по престанувањето со истиот порок можат да се “поправат“.
Таа состојба забележана е кај пациенти кои пушеле по една кутија дневно цели 40 години.
Илјадници хемикалии кои се наоѓаат во чадот од цигарите ја уништуваат или пак ја менуваат ДНК во белите дробови, односно во нивните станици и полека од здрави ги претвораат во канцерогени. Истражувањето открило дека тоа се случува во белите дробови на пушачите дури и пред да заболат од рак.
„Можат да се замислат како “мини временски бомби“ кои ги напаѓаат станиците и го чекаат нивниот следен погодок кој ќе ги натера на крајот да предизвикаат рак“ – рекла д-р Кејт Гуверс.
Меѓутоа, кога некој ќе престане да пуши токму таквите станици се умножуваат и ги заменуваат оние кои се оштетени во белите дробови. Кај личност која се откажала од пушење 40 отсто од нивните станици изгледале како оние кои се наоѓаат кај луѓето кои никогаш не пушеле.
„Бевме целосно неподготвени за тоа откритие“ – рекол д-р Питер Кембел и додал дека постои станица која некако “магично“ ги надополнува ќелиите на дишните патишта по престанувањето со пушењето.
„Утврдивме дека кај пациентите кои престанале да пушат по 40 години дошло до регенерација на станицата која целосно била изложена на чад, но сепак останала непроменета. Истражувачите само треба да проценат колку белите дробови конкретно можат да се поправа затоа што истражувањето беше посветено на дишните патишта, а не на малите структури на белите дробови“ – велат научниците.
Експертите се согласни дека единствениот правилен начин за борба против канцер на белите дробови е престанувањето со порокот.
Извор: Informer.rs
Текстот Докторите шокирани од белите дробови на човек кој пушел 40 години е превземен од USB.mk.