Во Париз, славната пирамида Лувр, дизајнирана од страна на IM Pei, слави 30-ти роденден. Во чест на овој јубилеј, во дворот Наполеон (Court Napoleon), каде е сместена оваа знаменитост, создадена е интересна оптичка илузија на пирамидата која исчезнува во провалија. И покрај тоа што се работи за авторско дело (JR), во создавањето на илузијата учествувале 2000 волонтери кои сечеле и лепеле околу 2000 ленти од хартија. Уметничкото дело ќе биде „деинсталирано“ односно самото ќе биде уништено од минувачите кои ќе проаѓаат низ него.
Стаклената пирамида во дворот на Лувр е завршена во 1989 година, на иницијатива на Митеран, кој во тој период имал идеја за поставување на нови знаменитости во француската метропола.
Текстот Драматична оптичка илузија во чест на 30 годишнината од пирамидата во Лувр е превземен од USB.mk.