Во последните 40 години мразот драстично се намалил на хималајските глечери, а научниците тоа го заклучиле кога ги споредиле најновите снимки со снимките кои се настанати пре 4 децении.
Тие ги споредувале снимките кои настанале за време на Студената војна и оние кои неодамна се снимени од вселената.
Истражувањето покажало дека од 2000-та година висината на глечерите се намалувала за половина метар годишно, а научниците тврдат дека главната причина за тоа се климатските промени.
„Од ова истражување ние навистина ја гледаме најјасната слика за тоа како се промениле хималајските глечери“ – изјавил Џошуа Маурер од Универзитетот Колумбија за Би-би-си.
Тимот од американскиот Универзитет Колумбија открил дека помеѓу 1975-та и 2000-та година, во просек исчезнувале 4 милијрди тони мраз секоја година.
Меѓутоа, меѓу 2000-та и 2016-та година, брзината на топење на глечерите се дуплирала, почнале да исчезнуваат 8 милијарди тони годишно.
„Осум милијарди тони мраз доволно е да исполнат 3.2 милиони олимписки базени годишно. Глечерите најмногу мраз губат на нивното дно, каде што се најразредени. Некои се намалиле по пет метри за една година“ – објаснил Мауер.
Доколку континуирано продолжи да се топи глечерот, научниците сметаат дека тоа може да остави трајни последици.
Краткорочно гледано, топењето на мразот би можело да предизвика поплави, додека пак долгоротчно милиони луѓе кои што зависат од водата од планините во текот на сушните години би можеле да се соочат со многу сериозни потешкотии.
Текстот Драстично намалување на хималајскиот глечер, можни се трајни последици е превземен од USB.mk.