Саркофаг со телото на египетски висок свештеник беше отворен во специјална двочасовна емисија во живо на теливизијата Discovery Channel.
Програмата се емитугваше од месноста Миња, на долината на реката Нил, близу пирамидите во Гиза, јужно од Каиро, Египет. Археолозите тука неодамна открија мрежа од тунели и гробници, во коишто почиваат 40 мумифицирани луѓе, за кои се смета дека биле дел од благородништвото.
Шоуто го водеше Џош Гејтс, а гостин беше Захи Хавас, египетски археолог и поранешен министер за антиквитети.
Проектот е спроведен во соработка со египетското Министерство за антиквитети. Истражувањето на неколку други гробници резултираше со наоѓање статуи, амајлии, стаклени кутии во кои се чуваат органи.
За отворањето на саркофагот беа неопходни силата и вештината на неколкумина. И, сè тоа не беше воопшто напразно… Внатре е откриена мумија на висок свештеник на Тот – богот на мудроста и магијата, опсипан со скапоцености, вклучително и злато.
Текстот Древен египетски саркофаг отворен во живо на Discovery (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.