Дрон успешно испорача бубрег во болница во Мериленд, САД, каде што органот требаше да биде трансплантиран на 44-годишна пациентка.
За овој прв лет од ваков тип, беше вклучен тим од хирурзи, инженери, пилоти, медицински сестри како и Федералната администрација за воздухопловство на САД, објави BBC.
Дронот беше специјално дизајниран за овој лет со вклучени камери за следење на органот и падобран во случај да дојде до откажување на леталото коешто прелета 4,8 километри до крајната дестинација.
Софистицираната технологија вклучуваше и посебен систем за комуникација и безбедност со оглед на тоа што летот се одвиваше во урбана и густо населена средина.
Текстот Дрон успешно испорача бубрег во болница во Мериленд (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.