Компанијата Wing во сопственост на матичната компанија на Google, Алфабет ја покренува својата прва јавна услуга за достава со дронови во Канбери, Австралија откако властите на оваа земја издале дозвола.
Околу 100 домови во предградието Грејс во Палмерстоун и Френклин на почетокот ќе имаат пристап до услугата, а во наредните месеци е планирано ширење на домовите во Харисон и Гунгалин.
Услугата ќе функционира во партнерство со локалните фирми, вклучувајќи продавници за кафе и аптеки, а доставата ќе се извршува за само неколку минути. Меѓутоа, дозволата за Wing има рестрикции, бидејќи дроновите не смеат да летаат над главните патишта, а исто така ќе може да лета помеѓу 17 и 20 часа од понеделник до петок, односно од 8 до 20 часа во сабота. Исто така, дроновите не смеат да летаат во близина на луѓе. Клиентите кои порачуваат достава со дрон исто така ќе бидат информирани за интеракцијата со нив.
Wing предвидува дека дроновите до 2030 година ќе доставуваат една од четири порачки.
this drone delivering a burrito in Canberra is the most @HumansOfLate thing I’ve ever seen https://t.co/LZJD3HhIbs pic.twitter.com/yPWFhdFtgJ
— Grahame (@GrahameBowland) March 27, 2019
Австралиската регулаторна агенција CASA наведува дека веројатно станува збор за прва ваква услуга на светот, што значи дека Гугл сепак го победи Амазон кога станува збор за комерцијалната услуга наменета за јавноста.
Текстот Дроновите на Google добија дозвола за вршење достава во Австралија (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.