Градежната компанија Apis Cor со помош на современата технологија ја изгради највисоката зграда во Дубаи, направена со 3D печатач.
Со висина од 9,5 метри и површина од 640 метри квадратни компанијата тврди дека е тоа најголемата градба направена со 3D печатач.
Apis Cor разви материјал на база на гипс кој минува низ посебен 3D печатач, а кој го прави локална фирма за производство и складирање на градежен материјал.
Печатењето се одвивало на отворено за да се докаже дека оваа технологија може да поднесе тешко опкружување, без контрола на влажноста и температурата.
Зградата е поставена на конвенционални темели, а 3D печатениот материјал е зацврстен со бетон и арматура.
За подовите се користени плочи претходно испечатени, а конвенционални прозорци и покрив се додадени откако се кренати ѕидовите.
„Проектот ни овозможи уникатно знаење и непроценливо искуство кое ќе ни помогне во подобрување на нашата технологија и развој на нова верзија на нашиот 3D печатач. Овој проект е огромен исчекор во индустријата на 3D принтањето“, изјави Никита Чениунтаи, извршен директор и основач на компанијата Apis Cor.
Извор: Klix.ba
Текстот Дубаи ја доби најголемата зграда изработена со помош на 3D печатач (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.