Два турски острови ставени на продажба

Два турски острови во  близина на југозападната провинција Мугла и западната Баликешир се ставени на продажба преку Интернет.

Островот Муромла во Мугла се продава по цена од 210 милиони фунти (36,7 милиони американски долари), а пуштен е на продажба на 22 септември од страна на турски бизнисмени кои живеат во Соединетите држави. Островот, кој се наоѓа долж тиркизниот брег на Турција или турската ривиера, во моментов е дом на три мали одвоени куќи и може да се користи за изградба на неколку дополнителни имоти, ресторан и мала марина. Големината на островот, кој има четири заливи, е 316.000 квадратни метри.

Островот беше купен од турски бизнисмен кој живее во Соединетите држави во 1980 година за изградба на хотел. Една недела пред островот во Мугла да биде ставен на продажба, еден од 22 острови во егејската провинција Баликешир, исто така, е ставен на продажба преку Интернет.

Островот крај брегот на Ајвалак и Гамех моментно е во сопственост на три семејства и за првпат е продаден во 2002 година. Цената на овој остров, кој се наоѓа на само 230 метри од брегот, е 115 милиони фунти (20 милиони американски долари).

Текстот Два турски острови ставени на продажба е превземен од USB.mk.