Замок како од бајките изграден на почетокот од 20 век стои на карпа висока 40 метри и изгледа дека секој момент ќе падне во Црното Море. Дворецот, кој е познат како ластовичино гнездо, се наоѓа на карпата Аурора во гратчето Гаспра, на полуостровот Крим.
Дворецот е во близина на најатрактивното одморалиште на полуостровот – Јалта, кое привлекува туристи поради своите прекрасни плажи. Пред ластовичиното гнездо на карпата се наоѓала мала дрвена колиба која ја купил богатиот германски политичар Барон фон Штајнгел и одлучил на местото да изгради ремек-дело на архитектурата по примерот на романтичните доврци на брегот на реката Рајна.
Наводно, причина за тоа била неговата љубовница, руска балерина, со која деновите ги минувал токму на тоа место. Но, приказната за љубовта на Аурора почнува еден век претходно кога, според легендата, девојка се фрлила од карпата поради невозвратена љубов. Ова љубовено гнездо е овековечено и во многу руски филмови поврзани со Крим.
Најдобар начин да се доживее овој романтичен замок е патување со брод, а доколку сакате да го видите од близина, ќе треба да се искачите до грандиозната градба.
Текстот Дворец на Крим кој крие мрачна тајна е превземен од USB.mk.