Американскиот милијардер Џеф Безос во Вашингтон го претстави леталото што ќе биде испратено на Месечината.
Сопственикот на Amazon изјави дека првична цел е слетување на Јужниот Пол на Месечината, каде што научниците потврдија присуство на мраз. Водата може да се користи за производство на водород, т.е. гориво за натамошни истражувања. Целосно наполнет со гориво, Blue Moon тежи 15 тони, а кога ќе слета, ќе биде околу 3,3 тони полесен.
Леталото ќе може да врши превоз на луѓе и опрема на Месечината не подоцна од 2024 година.
"It's time to go back to the moon, this time to stay," says Jeff Bezos. The Blue Origin founder unveiled Blue Moon, a lunar lander that's designed to land on and bounce back off of the moon's surface https://t.co/WAUG06VZb2 pic.twitter.com/s61pv4ZUJz
— CNN (@CNN) May 9, 2019
Текстот Џеф Безос го претстави Blue Moon: Време е да се вратиме на Месечината (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.