Кинескиот милијардер Џек Ма предупреди дека технологијата може да доведе до трета светска војна. За време на Светскиот економски форум во Давос основачот на платформата за онлајн трговија „Alibaba“ прокоментира дека историјата е показател дека технолошките иновации се главен фактор за глобалните конфликти.
„Првата светска војна се должи на првата технолошка револуција, втората технолошка револуција ја предизвика Втората светска војна, се приближува Третата технолошка револуција“, рече Ма.
Не за прв пат, Ма прави такви коментари. Тој, исто така, зборуваше на оваа тема во 2017 година.
Слични предупредувања се направени од други лидери во технолошката индустрија. Извршниот директор на „Tesla“, Елон Маск минатата година изјави дека конкуренцијата меѓу владите за лидерство во областа на вештачката интелигенција најверојатно ќе биде причина за трета светска војна.
Текстот Џек Ма: Технологијата може да доведе до трета светска војна (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.