Најголемата ветрофарма на отворено море „Walney Extension“ пуштена е во погон во Ирското море. Има капацитет од 659 мегавати, што е доволно да се снабдуваат со струја 590.000 домови. Џиновската ветрофарма во близината на брегот на Камбрија користи најнапредни технолошки решенија и дава повеќе струја од што било планирано.
Метју Рајт, еден од директорите во данската енергетска компанија „Оrsted“, вели дека со помош на поголеми турбини и нивно подобро позиционирање постигнато е да се произведува повеќе електрична енергија.
Со градење на нови ветрофарми околу британската обала значи дека „Walney Extension“ нема долго да ја држи титулата најголема. „East Anglia ONE“ на компанијата „Scottish power“ ќе биде отворена во 2020 година и ќе има капацитет од 714 мегавати, додека данскиот „Оrsted“ наредниве години завршува две ветрофарми „Hornzi“ со капацитети од 1.200 и 1.800 мегавати кај брегот на Јоркшир.
Текстот Џиновска фарма со ветерници во Ирското море е превземен од USB.mk.